Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МВР набави возила со вграден радар: Нови „Форд“ возила ќе мерат брзина и во движење
Македонија

МВР набави возила со вграден радар: Нови „Форд“ возила ќе мерат брзина и во движење

01/12/2025

AA

Министерството за внатрешни работи ги прими новите специјализирани возила за мобилно мерење на брзината – современи „Форд“ модели опремени со интегрирани радарски системи, камери со висока резолуција и софтвер за моментално лоцирање и документирање на прекршоци.

Возилата ќе патролираат низ целата држава и ќе детектираат пречекорување на дозволената брзина во градски средини, на регионални патишта и на автопат. Од МВР засега не откриваат кога системот ќе биде ставен во редовна употреба, но неофицијално се очекува да стане дел од нови мерки за зголемена сообраќајна безбедност.

Не е познато дали прекршителите ќе бидат запирани на лице место или казните ќе им се доставуваат по пошта, како со постојниот „Safe City“ систем. Мобилните радари од овој тип веќе се користат во повеќе европски земји и се покажуваат како ефикасни во намалување на сообраќајните прекршоци.

Во Германија функционираат радарски комбиња што мерат брзина без присуство на службеник, додека Франција користи патролни „Рено“ и „Пежо“ возила со невидливи радари кои детектираат и во движење. Сличен модел применуваат и Словенија и Хрватска.

По низа трагични сообраќајни несреќи поврзани со екстремно брзо возење, очекувањата се дека новите мобилни радари ќе ја зајакнат контролата и дисциплината кај возачите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ“ ДОБИ НОВ ПОТПОРЕН ЅИД И ПАРКИНГ Посетата

01/12/2025
Македонија

МВР набави возила со вграден радар: Нови „Форд“ возила ќе

01/12/2025
Македонија

НАПРОЛЕТ ЌЕ ИМА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Мицкоски најави кадровски освежувања

01/12/2025
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ми е како трето дете, но ова ми е

01/12/2025
Македонија

Мицкоски потврди: В сабота само тој ќе биде кандидат за

01/12/2025
Македонија

Угостителите до Нова година треба сами да си обезбедат свои

01/12/2025
Македонија

ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ ЗА ВЕНКО И ЗА ЗАЕВ ЗА ДУБАИ ИСПАДНАА

01/12/2025
Македонија

Гостивар остана без вода, оштетен главниот цевковод

01/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ“ ДОБИ НОВ ПОТПОРЕН ЅИД И ПАРКИНГ Посетата на манастирот ќе биде побезбедна

01/12/2025

Саниран е потпорниот ѕид и заштитата на регионалниот пат Р1202 кај Бигорскиот манастир, информира директорот на Јавното претпријатие за државни

НАПРОЛЕТ ЌЕ ИМА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА Мицкоски најави кадровски освежувања во институциите

01/12/2025

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени” на МРТ потврди дека Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе

ВМРО-ДПМНЕ ми е како трето дете, но ова ми е последен мандат во партијата како

01/12/2025

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски изјави дека доколку добие поддршка од делегатите на претстојниот партиски конгрес, ќе го

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy