
Метео аларм за Македонија: Се очекува пообилен дожд, засилен ветер и пад на температурите
Подгответе се за променливо облачно време, врнежи од дожд и засилен ветер. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на влажна воздушна маса, од денес попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Од УХМР предупредуваат дека врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 15 л/м2) и ќе има услови за ретка појава на грмежи.
Ќе започне да дува умерен, а повремено и засилен северен ветер, кој на некои места ќе достигнува брзина над 60 км/ч. Како резултат на ова, дневната температура утре (вторник) ќе опадне за неколку степени.
Во среда и четврток се очекува стабилизација и ќе преовладува претежно стабилно време. Сепак, нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Во Скопската котлина, врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта, кога повремено ќе бидат и пообилни. Во текот на ноќта и утре во Скопје ќе дува засилен северен ветер.

