Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мерки на претпазливост за возачот кој вчера на пешачки премин удри во Јорго Ќука кој почина на самото место од повредите
Македонија

Мерки на претпазливост за возачот кој вчера на пешачки премин удри во Јорго Ќука кој почина на самото место од повредите

04/11/2025

AA

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 3 ноември, управувајќи автомобил “Фолксваген пасат” по булеварот “Гоце Делчев” во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај.

Автомобилот го управувал со неприлагодена брзина која не му овозможувала да запре навремено во случај на потреба или пречка.

Пристигнувајќи на пешачки премин на крстосницата со улицата “Лазар Личеноски” осомничениот 37-годишник со предниот дел на возилото удрил во велосипед, управуван од сега починатиот Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот оштетениот се здобил со тешки телесни повреди и починал.

Надлежниот јавен обвинител одлучи да достави до Судот предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на македонска и српска патна исправа од осомничениот кој има двојно државјанство, одземање на возачка дозвола, забрана за напуштање на живеалиште и обврска да се јавува повремено кај надлежен државен орган.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
Македонија

Малолетник од Скопје заврши на дежурен откако испил голема количина

07/12/2025
Македонија

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА

07/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
Македонија

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38613
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна по повод државниот празник „Св.

07/12/2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ Сиљановска-Давкова повика да се

07/12/2025

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно лице тешко повредено

07/12/2025

На 07.12.2025 околу 03:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај кичевското селоТрапчин Дол, патничко

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy