
Кочани со поголема излезеност во вториот круг на локалните избори!
Во Кочани, според податоците на Државната изборна комисија, до 9 часот утрово на гласање излегле 3,13 проценти од запишаните избирачи.
Ова претставува поголема излезеност во споредба со првиот круг од пред две недели, кога до истиот термин гласале 2,96 проценти од граѓаните.
Изборниот ден во општината започна мирно, без пријавени нерегуларности, а гласачките места се отворени во 7 часот.
Граѓаните денеска повторно излегуваат да го изберат градоначалникот во вториот круг од локалните избори.

