Skip to content
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои
Македонија

Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои

01/11/2025 1 min read

AA

Во периодот од 22 до 31 октомври 2025 година, Рудник САСА, во соработка со детската градинка „Бамби“, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, ја реализираше еко кампањата „Супер добри дела“, наменета за најмладите членови на заедницата. Преку забавни и едукативни активности, кампањата ги поттикна децата да научат повеќе за рециклирањето, заштитата на животната средина, општествената одговорност и емпатијата.

Во рамки на оваа еко кампања, децата на возраст од четири до шест години од ЈОУДГ „Бамби“, учениците од прво до петто одделение од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и корисниците од Дневниот центар за лица со посебни потреби, предводени од своите наставници и асистенти, рециклираа пластични шишиња во вендинг машината во градот, донирана од Фондацијата на Рудник САСА. За секое рециклирано шише тие добиваа поени, а средствата добиени од рециклирањето, кои со одлука на менаџментот на Фондацијата на Рудник САСА беа неколкукратно зголемени, ќе му бидат ставени на располагање на Дневниот центар за лица со посебни потреби за набавка на потребните намирници.

Како награда за своето учество, децата добија симболичен подарок – еко торба, како и влезници за едукативната театарска претстава со еколошка порака „Марсовски пикник“, која беше изведена во Домот на културата во Македонска Каменица. Претставата, исполнета со хумор, музика и интерактивна игра, на креативен начин ги запозна најмладите со темите за рециклирањето и грижата за планетата Земја.

„Со оваа еко кампања сакавме да покажеме дека секое мало добро дело создава голема промена, како за заедницата, така и за животната средина. Особено сме среќни што преку игра и забава ги вклучивме децата во процесот на учење за рециклирањето и солидарноста,“ изјави Марија Стојановска, раководител на Службата за заштита на животната средина во Рудник САСА.

Еко кампањата „Супер добри дела“ е дел од низата општествено одговорни активности што ги реализира рудникот САСА во рамките на својата долгорочна стратегија за заштита на животна средина, одржлив развој и поддршка на локалната заедница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни
Македонија

3327 болни и немоќни, 588 затвореници и 125 лица во

01/11/2025
Македонија

Има сообраќајка: Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Струмица –

01/11/2025
Македонија

Битолчанка повредена од воздушна пушка на нива!

01/11/2025
Македонија

Малолетници организирале огномет на плоштад во Охрид, полицијата ги викна

01/11/2025
Македонија

Тетовчанец измамен за 250 евра: Ги дал парите за да

01/11/2025
Категории
  • Економија 7905
  • Македонија 37164
  • Регион 3997
  • Свет 14
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС
Македонија

3327 болни и немоќни, 588 затвореници и 125

01/11/2025

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во

Македонија

Има сообраќајка: Во прекин сообраќајот на регионалниот пат

01/11/2025

АМСМ информира дека на 01.11.2025 година од 14:46 часот, на магистралниот пат Струмица – Радовиш, сообраќајот е во прекин и

Македонија

Битолчанка повредена од воздушна пушка на нива!

01/11/2025

На 30.10.2025 во 15:30 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со повреда најверојатно

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy