
Излезеноста до 9 часот е 2,88% – во првиот круг беше 3%
Државната изборна комисија денеска на прес конференција посочи дека излезеноста до 9 часот утрово е 2,88%.
Како што велат, вкупно гласале 22.379 избирачи.
За градоначалник на Град Скопје пак, излезеноста е 2,46%
Во првиот круг од изборите бројката изнесуваше 3%, а вкупно гласале 41.890 граѓани.

