Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грозданов: Во интерес на државотворната минерална безбедност
Македонија

Грозданов: Во интерес на државотворната минерална безбедност

03/11/2025

AA

Во најновата колумна насловена „Во интерес на државотворната минерална безбедност“, металуршкиот инженер и колумнист, Виктор Грозданов повторно го отвора прашањето за стратешката важност на металичните минерални суровини за државата – предупредувајќи дека Македонија се наоѓа „на раскрсницата“ меѓу научен прогрес и политичка блокада.

Грозданов пишува дека земјата мора да одговори на суштинско прашање:

„Какво значение имале, имаат и ќе имаат металичните минерални суровини врз државотворноста на Македонија?“, пишува Грозданов во својата колумна. 

Тој потсетува дека Македонија поседува неколку клучни металични елементи, и дека најголем стратешки потенцијал во следните децении има бакарот, кој веќе стана глобална геополитичка суровина.

Грозданов потсетува дека Македонија геолошки лежи на „патот на бакарната рудна жица“ што продолжува сè до Кипар:

„Македонија е на патот на бакарната рудна жица која води до Кипар, кој го има добиено името токму од Cuprum (Бакар на латински)“, пишува Грозданов. 

Тој наведува дека не е случајност тоа што Европската Унија го прогласи бакарот за стратешка металична суровина за идниот индустриски развој.

Во текстот Грозданов жестоко критикува дел од „екологистите“ кои, како што вели, свесно пласираат невистини и работат спротивно на иднината на државата:

“Македонија денес е „распната на раскрсницата дали да си ја сочува и развива државата или пак да им остави простор на личности кои воопшто немаат чувство за тоа што е државност и кои само од лични финансиски лукративни причини пробуваат да го сопрат нејзиниот развој,“ вели Грозданов. 

Тој прави паралела со САД, каде што – истакнува – политичките одлуки се водат со цел зачувување на националната минерална безбедност, а не со дневнополитички интереси. Потсетува дека во изминативе недели американскиот претседател, Доналд Трамп потпиша договори со Австралија и Јапонија за соработка во делот на критични метали и ретките земни минерали.

Колумната ја завршува со порака дека државата има избор – и има капацитет да ја одбере правилната насока: 

„Имаме капацитет за да им дадеме на следните генерации можност да ја дочуваат оваа држава,“ ја завршува својата колумна Грозданов. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на

06/12/2025
Македонија

ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ

06/12/2025
Македонија

ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА Е ОБВРСКА, А НЕ УКРАС ИЛИ

06/12/2025
Македонија

НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НЕ Е ПРЕДМЕТ НА ПРЕГОВОРИ! Мицкоски за Стратегиската

06/12/2025
Македонија

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ РЕИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Усвоени и нови

06/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите деца во „Пулс“ одржаа нов „Марш за

06/12/2025
Македонија

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ, МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ УСПЕЕ! Завршна порака на

06/12/2025
Македонија

Мицкоски реизбран за претседател, тој беше единствен кандидат за претседател

06/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на коалицијата

06/12/2025

Вицепремиерот Арбен Фетаи му го честиташе третиот мандат на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека повторната поддршка од

ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ ЗА КЛЕВЕТА Немам никакви удели

06/12/2025

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија

ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА Е ОБВРСКА, А НЕ УКРАС ИЛИ СЕНТИМЕНТ Мицкоски на отворањето на

06/12/2025

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на отворањето на денешниот 18. Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс ,,Јасмин”

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy