Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гервиг е одушевена од успехот на „Барби“
Магазин

Гервиг е одушевена од успехот на „Барби“

10/10/2023

AA

Грета Гервиг, режисерката на хитот „Барби“, изјави дека успехот на филмот многу ја трогнал.

Блокбастерот ги следи познатата кукла и нејзиниот придружник Кен како патуваат од Барбиленд во реалниот свет.

Гервиг, говорејќи на Лондонскиот филмски фестивал, додаде дека гледањето на филмот во кој уживаат многумина било највозбудливото нешто.

Филмот заработи 1,4 милијарда долари (1,2 милијарда фунти) на киноблагајните, што ја прави најуспешната соло режисерка досега.

Гервиг на фестивалот разговараше со кокреаторот на Peep Show и автор на Succession, Џеси Армстронг.

Говорејќи за месеците што ги поминала работејќи на „Барби“, таа му рече: „Процесот на правење беше таква радост. Тоа беше најрадосно снимање на кое сум била“.

„Мислев, ако можам да направам филм што е половина или четвртина забавен за гледање како што беше снимањето, можеби ќе имаме шанси“.

Филмот е снимен во Велика Британија во студиото „Ливсден“ во Хертфордшир.

Беше објавен во јули, а Гервиг отиде во кината за да ја види реакцијата и да се погрижи публиката да го има најдоброто гледање – и слушање – искуство, откри таа.

Таа им кажа на филмските фанови на фестивалот во Лондон дека пораснала сакајќи да гледа филмови во киносала.

„И мислам дека тој дел од мене отсекогаш сакал да го пресоздаде тоа детско чувство на средба со куп луѓе во темна просторија. Бев трогната кога видов дека луѓето токму тоа го доживуваа“, рече таа додавајќи дека одела во киносалите каде што се прикажувал филмот за да ја види реакцијата на публиката.

Таа исто така му се заблагодари на Би-би-си што ѝ дозволи да користи краток извадок од ТВ-адаптацијата на „Гордост и предрасуди“ (Pride & Prejudice) од 1995 година во нејзиниот филм.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе

20/02/2026
Македонија

Храброста на баба Росанка од Челопек: „Ме гушеше за да

20/02/2026
Македонија

Падна дрво кај Католичка црква, затворена улицата!

20/02/2026
Македонија

ПРОТЕСТ ВО БЛАТЕЦ ПРОТИВ ХИДРОЦЕНТРАЛА НА БЛАТЕШНИЦА Локалното население во

20/02/2026
Македонија

РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО: И плата и пензија за дефицитарните специјалисти

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НЕ Е РЕАЛНОСТ ЗА РАЗЛИКА ОД ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ И

20/02/2026
Македонија

Трамп рекол дека срамна била одлуката на Врховниот суд!

20/02/2026
Македонија

ВРАБОТУВАЛА И УНАПРЕДУВАЛА СПРОТИВНО НА ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ Кривична пријава

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41727
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе ја издржува казна за трговија

20/02/2026

Денеска во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница. Лимани е осуден на три

Храброста на баба Росанка од Челопек: „Ме гушеше за да не викам, но не се

20/02/2026

Додека полицијата и обвинителството истражуваат дали во овој регион се крие сериски убиец, 85-годишната Росанка од село Челопек пред камерата

Падна дрво кај Католичка црква, затворена улицата!

20/02/2026

Попладнево затворена е улицата „Костурски Херои“ во близина на Католичката црква. Според информациите, паднало дрво. Сообраќајот е привремено запрен, а

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy