
Гаши и Мицкоски од Нерези: Соработката продолжува во вториот круг
Во скопската населба Нерези, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретнаа со жителите за да разговараат за проблемите со кои се соочува оваа населба.
Освен за прашањата во Нерези, се разговарало и за Општина Карпош, заедно со идниот градоначалник на оваа општина, Сотир Лукровски.
Жителите на овие населби заслужуваат посебно внимание и третман од локалната и централната власт.
Инаку, на маргините на овој состанок било разговарано и за соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат на 2 ноември.
Африм Гаши добил гаранции од премиерот Христијан Мицкоски дека ќе има поддршка во вториот изборен круг во сите општини, а особено во Дебар за кандидатот на ВЛЕН, Фисник Мела.

