Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДКСК ги чешлаше изборните пријави: Директорка делела партиски материјали – случајот проследен до Јавното обвинителство
Македонија

ДКСК ги чешлаше изборните пријави: Директорка делела партиски материјали – случајот проследен до Јавното обвинителство

03/11/2025

AA

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница информираше дека постапувала по повеќе пријави поврзани со изборниот процес. Дел од нив се проследени до надлежни институции, додека за дел е утврдено дека нема прекршувања.

Една од пријавите што ќе добие натамошна разрешница се однесува на директорка на средно училиште. Според ДКСК, таа во електронска комуникациска група споделила содржина креирана од политичка партија и изборен плакат, со молба за поддршка на кандидат преку споделување на објавата. ДКСК утврдила дека надлежен орган за понатамошно постапување е Јавното обвинителство, до каде и ќе биде проследен предметот.

Антикорупционерите расправале и за пријава за наводна изјава на кандидат за градоначалник, кој ветувал парични средства во готово за ранливи категории и пензионери. ДКСК утврдила дека тука нема прекршување.

„Се работи за изјава дадена пред медиуми за дел од програма на кандидат кој што е посветен на ранлива категорија на граѓани како и на пензионери. Се работи за проект кој што го промовира и мерка која подразбира дел од неговата програма и промоција на активностите кои што ќе бидат реализирани во текот на мандатот“, посочија од ДКСК, заклучувајќи дека не се работи за директно прекршување на изборниот процес.

Во неколку други случаи, ДКСК не утврдила прекршувања. За пријавен избор на професор за проректор на универзитет, Комисијата утврдила дека не се прекршени законските одредби, бидејќи избраното лице веќе имало работен однос во моментот на донесување на одлуката, што не се смета за започнување на нова постапка за вработување.

Слично, затворена е и пријава против одговорно лице на средно училиште кое донело одлука за вработување, бидејќи ДКСК утврдила дека тоа е сторено во рамките на дозволениот период.

На денешната седница, Државната комисија за спречување на корупција претходно ги усвои клучните документи за борба против корупцијата во наредните години. Усвоени се Проценката на ризици од корупција и Методологијата за изготвување на новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030.

Седницата продолжи со дискусија за Извештај од антикорупциска проверка на одредби од Изборниот законик, конкретно Глава VI, која се однесува на „Медиумско претставување“ (член 75 до член 76-д).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА

07/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
Македонија

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ

07/12/2025
Македонија

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025
Македонија

Вработен во Затвор Скопје при вршење обиколка, затекнал две лица

07/12/2025
Македонија

И дошле во двор и и кажале дека и е

07/12/2025
Македонија

🎥 ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ Милошоски

07/12/2025
Македонија

Пред Поликлиника Ченто пронајден починат маж!

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38608
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА СПОМЕУВА СДСМ Ивица Томовски најави

07/12/2025

Директорот на служба за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР) Ивица Томовски тврди дека не е сопственик, ниту, пак,

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се откаже новогодишната прослава во Кочани

07/12/2025

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, во име на родителите на трагично загинатите деца во дискотеката „Пулс“, денеска упати јавно

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ НАКИТ И ПАРИ Две жени

07/12/2025

Шеесет и двегодишна жена од Кочани пријави дека била измамена од две други жени кои требало да ѝ растурат магија.,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy