Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИК одзеде 8 акредитации во Шуто Оризари
Македонија

ДИК одзеде 8 акредитации во Шуто Оризари

02/11/2025

AA

На денешната 151. седница, Државната изборна комисија разгледа два приговора поврзани со остварување на правото на глас. По разгледувањето, беше утврдено дека двајцата подносители се запишани во Избирачкиот список и можат да гласаат до затворањето на избирачките места во 19:00 часот. Истовремено, Комисијата донесе одлука за одземање на акредитации на осум домашни набљудувачи, поради постапување спротивно на Изборниот законик и Кодексот за набљудување.

Првиот приговор го поднесе Трајче Камчев од општина Центар. По извршената проверка, стручно-техничките служби утврдија дека тој е запишан во Избирачкиот список на избирачкото место 1354, поради што приговорот беше одбиен. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека подносителот „слободно може да го оствари своето право на глас“.

Вториот приговор пристигна електронски од Ќемал Исмаилоски од Кичево, кој навел дека не бил пронајден во уредот за биометриска идентификација. По проверка на ИТ-секторот и службите, ДИК утврди дека Исмаилоски е уредно запишан и во Избирачкиот список и во биометрискиот систем. Членот на Комисијата Александар Даштевски предложи ДИК да не се произнесува по електронски доставениот поднесок, оставајќи на Јавното обвинителство да ја испита можноста за евентуална злоупотреба на лични податоци. Кондарко информираше дека Обвинителството веќе е известено, нагласувајќи дека ДИК останува надлежна за прашањата што се однесуваат на остварувањето на правото на глас.

Во досегашниот тек на изборниот процес, не се забележани случаи на оневозможено гласање на избирачките места.

Дополнително, Комисијата им ги одзеде акредитациите на осум домашни набљудувачи во Општина Шуто Оризари, по пријава дека агитирале во училишен објект во близина на гласачките места, со што го прекршиле Кодексот за набљудување. Меѓу лицата се Елвис Бајрам (кандидат за градоначалник во првиот круг), Сеат Исмаил (кандидат за советник), Валентина Бајрам, Шабан Бајрам, Габриел Бајрам, Решад Сокол (кандидат за советник), Ќамуран Реунаред и Алмир Сали (кандидат за советник).

ДИК го извести Министерството за внатрешни работи, бидејќи дел од пријавената агитација се случувала надвор од избирачките места, што е надвор од надлежноста на Комисијата. По донесената одлука, општинската изборна комисија и избирачките одбори се задолжени да не им дозволуваат пристап на овие лица во избирачките места и објектите за гласање, ниту пак да ги признаваат претходно издадените беџови.

Гласањето продолжува непречено и согласно утврдениот распоред, со редовни контроли на терен и координација со надлежните институции до официјалното затворање на гласачките места во 19:00 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈА СИЛУВАЛ, ПА ЈА УЦЕНУВАЛ СО СНИМКАТА Тоа не било

07/12/2025
Македонија

Исчезнат е Зоран Трифуноски од Охрид!

07/12/2025
Македонија

Жена преживеала голгота во Скопје: Се понудил да ја носи

07/12/2025
Македонија

20 ДЕКЕМВРИ Е ВРЕМЕНСКА ПРЕСВРТНИЦА Метеорологот Поповски откри кога може

07/12/2025
Македонија

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на

06/12/2025
Македонија

ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ

06/12/2025
Македонија

ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА Е ОБВРСКА, А НЕ УКРАС ИЛИ

06/12/2025
Македонија

НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НЕ Е ПРЕДМЕТ НА ПРЕГОВОРИ! Мицкоски за Стратегиската

06/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38595
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈА СИЛУВАЛ, ПА ЈА УЦЕНУВАЛ СО СНИМКАТА Тоа не било доволно, па барал жена му

07/12/2025

Дваесет и деветгодишен жител на Неготино со живеалиште во Германија е осомничен за две кривични дела – полов напад и

Исчезнат е Зоран Трифуноски од Охрид!

07/12/2025

На социјалните мрежи се шири апел за пронаоѓање на исчезнато лице Зоран Трифуноски од Охрид. Според информациите, тој е исчезнат

Жена преживеала голгота во Скопје: Се понудил да ја носи дома, но цела ноќ ја

07/12/2025

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy