Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Давкова ѝ одговори на фон дер Лајен: Топката е реквизит, сам со топка никој не игра, што ако топката е од офсајд или со фаул фрлена?
Македонија

Давкова ѝ одговори на фон дер Лајен: Топката е реквизит, сам со топка никој не игра, што ако топката е од офсајд или со фаул фрлена?

03/11/2025

AA

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, реагираше на објавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата „Икс“, по нејзината последна посета на Скопје.

Во објавата, Фон дер Лајен напиша: „Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена.“

Сиљановска-Давкова, пак, порача дека за време на нивната средба воопшто не се разговарало на таков начин.

„На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор, ниту за игралиште,“ изјави таа.

Претседателката додаде дека дури и го прашала премиерот Христијан Мицкоски дали Фон дер Лајен можеби кај него спомнала нешто слично, но, како што вели, и тој одговорил дека не се зборувало за „игралишта и топки“.

„На ‘Твитер’ тоа излезе. Но, ако ја погледнеме метафората, топката е реквизит – сам со топка никој не игра. За игра се потребни двајца и таа се одвива по однапред утврдени правила. Правилата не се менуваат во текот на играта – а тоа, за жал, ни се случи нам. Што ако топката е од офсајд или со фаул фрлена во игралиштето? Или ако голот е празен, па мрежата се искине?“, илустрираше претседателката, додавајќи дека играта без фер правила ја губи својата суштина.

Во продолжение, Сиљановска-Давкова нагласи дека прашањето за уставните измени е во надлежност на парламентот и дека таа не може да даде гаранции за исходот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи

07/12/2025
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
Македонија

Малолетник од Скопје заврши на дежурен откако испил голема количина

07/12/2025
Македонија

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА

07/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38614
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи до 17 степени

07/12/2025

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна по повод државниот празник „Св.

07/12/2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ Сиљановска-Давкова повика да се

07/12/2025

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy