
Челси врза четири натпревари без пораз – првпат оваа сезона (ВИДЕО)
Денеска на домашен терен го совлада Њукасл со 3-2 и првпат оваа сезона врза четири натпревари без пораз (две победи, два нерешени резултати). Палмер беше главен играч на мечот, му асистираше на Џексон за првиот, па го постигна вториот гол за Челси, додека третиот беше дело на Мудрик. За Њукасл погодија Исак и Марфи, но овој тим го претрпе деветтиот пораз на гостински терен оваа сезона.
Њукасл и Челси остануваат еден до друг на средина од табелата со тоа што лондонскиот тим има можност да го помине својот денешен ривал бидејќи заостанува еден бод зад него, со меч помалку.
