
Чаир убедлив против ТФТ, Академија ФМП го доби Охрид во дербито на дното
Чаирчани уште во воведниот дел од мечот покажаа дека ТФТ нема што да бара на овој натпревар. Првото полувреме го добија со 57-33, а до крајот само ја одржаа убедливата разлика за да слават со 81-63.
Одлична партија имаше Диванте Мофит кој за 21 минута поминати на теренот успеа да постигне дури 34 поени, Корбет реализираше 16. Во составот на ТФТ, Зафиров и Наумоски имаа по 11.
Во составот на АКадемија ФМП кој го победи Охрид со 96-88, се истакна нигерискиот интернационалец, Омотао Огундиран кој реализираше трип-дабл учинок. За 36 минути, Огундиран постигна 18 поени, имаше 11 скокови и 10 асистенции. Тој е четвртиот кошаркар кој оваа сезона во македонското првенство прави трипл-дабл, претходно тоа им успеаа на Бојан Трајковски, Недим Мустафица и Тодор Златев.
Најефикасен во тимот на ФМП беше Брукс со 26 поени, кај Охрид Димовски постигна 23 поени, а Лајонс имаше дабл-дабл со 19 поени и 13 скокови.
