Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ц. Звезда го посрамоти Будуќност и во Подгорица и обезбеди финале во АБА
Спорт

Ц. Звезда го посрамоти Будуќност и во Подгорица и обезбеди финале во АБА

23/05/2023

AA

Актуелниот регионален шампион Црвена Звезда ќе го брани пехарот во АБА-лигата и вечерва го завери новото финале со брутална победа во Подгорица понижувајќи го Будуќност со победата со 41 разлика (97-56), па сега за битката за пехарот ќе го чека победникот од второто полуфинале Партизан – Цедевита Олимпија.

Очајни три четвртини одигра Будуќност во кои не го виде кошот на белграѓани, а црвено-белите со извонреден настап умешно ги наполнија подгоричани за убедливо да ги победат и да го заверат финалето после два меча. Колку беше очаен Будуќност, јасно покажуваат нивните ужасни 30 поени од втората до четвртата четвртина за 30 минути игра, наспроти 62 поени кои ги примија за да загубат понижувачки.

Будуќност имапе плус осум во првата половина од првиот квартал (17-9), но Ц. Звезда до завршницата намали на поен негатива, а потоа со 9-0 го сврте мечот за свои плус осум (26-34) и оттука почна сѐ. До паузата за полувреме белграѓани дозволија само осум поени на противникот, стигнаа до најголемите плус 15 (30-45) и го расчистија патот кон триумфот.

Сѐ потоа во вториот дел беше едносмерен меч, во кој црвено-белите само го полнеа кошот на домаќините, дојдоа до најубедливи плус 32 (75-43) и не застанаа, па во четвртиот период достигнаа и плус 43 (90-47), а пред крајот имаа и плус 44.

Лука Митровиќ даде 17 поени, Филип Петрушев 14, а Немња Недовиќ 13, но најважно од сѐ е што сите во таборот на белграѓани погодија барем по еднаш во кошот на Будуќност, за кој немаше ни еден играч со двоцифрен кошгетерски ефект. Џалел О’Брајан беше најефикасен со девет поени.

Ц. Звезда и во првиот меч со Будуќност во Белград одигра брутално и победи со 38 поени разлика (93-55).

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy