
Ал Наср испадна, на Роналдо му пропадна уште една можност за трофеј
Тимот предводен од Хернан Креспо славеше на пенали со 3-1, откако по 90 минути беше 3-2, а по 120 и 4-3 за претставникот од Саудиска Арабија. Поради тоа што првиот натпревар заврши со победа на Ал Аин со 1-0, се пристапи кон изведување пенали, а таму – кошмар за домашниот тим.
Во првите две серии промашија Брозовиќ и Телес, Роналдо накратко ги врати надежите, но потоа Отавио ја прати топката на трибина. Тројцата изведувачи за Ал Аин беа прецизни во своите удари.
Со ова пропадна уште една можност за Кристијано Роналдо да освои трофеј и во Лигата на шампионите. Далеку од такво нешто е и во домашното првенство каде неговиот Ал Наср заостанува 12 бода зад лидерот Ал Хилал. Иако го постигна голот за 4-3 што значеше изведување пенали, Роналдо одигра исклучително лош натпревар и е еден од винновниците за елиминацијата на Ал Наср.
